SenseiСенсеи Његош Ѓаковиќ 5 ДАН е технички советник на Аикидо Клуб “Агатсу” Куманово. Тој потекнува од Срската Аикидо Федерација (САФ) со која клубот соработува уште од пред своето основање и преку неа ги одржува своите семинари и испити во клубот. Аикидото во Србија организирано се изучува веќе 40 години според начелата на Аикикаи и имаат долгогодишно искуство со многумина јапонски и европски учители.

Сенсеи Његош Ѓаковиќ својата аикидо кариера ја започува во далечата 1972 година кај учителот Јовица Станоевиќ, под чие водство започнува сериозна соработка со јапонските учители. Заедно со група белградски аикидоки редовно ги посетува семинарите на Сенсеи Хироши Тада 9 ДАН Аикикаи во Италија, каде имал можност да запознае и вежба кај други познати аикидо учители како што се Х.Хосокава, Ј.Фуџимото, К.Асаи, што ќе резултира како успешно полагање за 1 ДАН кај Сенсеи Хироши Тада. Во подоцнежниот период ќе има можност да го запознае и Сенсеи Коичи Тохеи во Италија.

Како плод на соработката од страна на групата аикидоки од Белград што ја имаат остварено со јапонските учители, во Србија како Шихан ќе дојде Сенсеи Јоџи Фуџимото 7 ДАН, кај кого Сенсеи Његош Ѓаковиќ ќе вежба повеќе од дваесет години и ќе положи и добие 2 ДАН, а подоцна и 3 ДАН. Во тој период од дваесет години аикидото се развива од: од еден голем клуб во Дедиње, настануваат повеќе клубови, се формира Аикидо Друштво “Белград”, во кој тој е еден од оснивачите и организаторите.

1980 година го оснива Аикидо Клубот “Пинки” во истоимениот спортски центар во Земун. Редовно посетува и учествува во организација на неколку годишни семинари чија стална пракса биле на Аикидо Друштво “Белград”.

1991 година го основа Аикидо Клуб “Исток”, кој до ден денеска е сеуште под негово водство.

И покрај ратните дејствија во Србија аикидото и понатаму се развива и од Аикидо Друштво “Белград” прераснува во ЈАФ (Југословенска Аикидо Федерација). Во 1997 година поради спреченост на Сенсеи Јоџи Фуџимото, нов Шихан на ЈАФ станува Сенсеи Масатоми Икеда 7 ДАН, кај кого Сенсеи Његош Ѓаковиќ има положено за 4 ДАН. Во текот на своето долгогодишно вежбање се запознава и со работата на Сенсеи Масатаке Фуџита 8 ДАН и Сенсеи Јошиаки Јокота 7 ДАН, како и кај други поголеми јапонски учители.

2001 година станува претседател на ЈАФ, кој поради промена на името на државата преоѓа во Аикикаи СЦГ (Аикидо Федерација на Србија и Црна Гора) и во 2004 година на конгресот во Токио го потврдува својот статус на единствена, званично од страна на Аикикаи Хомбу Доџо и ИАФ (Интернационална Аикидо Федерација), признаена организација во СЦГ.

Сенсеи Његош Ѓаковиќ со својата несебична  работа постојано подучува млади аикидоки, помага во оснивање и развојот на аикидо клубови во Србија и надвор од неа. Држи семинари во Босна и Херцеговина, Словачка, Унгарија и Македонија.

Како признание за својот голем вложен труд во развојот и ширењето на аикидо во февруари 2005 од Јапонија како доказ и потврда за работата му стигнува признание за 5 ДАН.