АИКИДО

 

aikido-kanjiАикидо е боречка вештина која потекнува и своите корени ги носи од самурајските боречки вештини на Јапонија. Содржи елементи на јапонска култура и традиција како и основни принципи на будо. Создадено е од Морихеи Уешиба во првата половина од 20-от век.

Денеска претставува современ метод за физички и ментален развој, стекнување и подобрување на физичка кондиција, рекреација и ефикасен вид на самоодбрана.

Основната идеја на аикидо е користејќи самооодбрана да не го повредиме својот напаѓач. Целта е да се порази својата агресија, а не агресорот. Тоа вклучува пред се запознавање на сопствените агресивни инстинкти и нивна контрола.

Аикидото не учи да се вклопиме со движењето на напаѓачот и ја пренасочиме неговата сила и енергија во наша корист. Со мал физички напор и со директни и кружни движења, техниките се завршуваат во разни форми на фрлања и полуги на напаѓачот со што се воспоставува контрола на нападот.

Програмот и методот на вежбање на аикидо нема карактеристика на спортска дисциплина и не постои натпреварување, така да содржината е пристапна за сите возрасти и за двата пола, кои сакаат да одржат здрава психофизичка рамнотежа.