Иван Скрчевски и Ненад Скрчевски се сновачи на Аикидо Клуб “Агатсу”. Нивната историја на изучување на аикидо вештината започнува во февруари 2002 година во тогашниот Аикидо Клуб “Куманово” кој подоцна ќе прерасне во Центар за боречки вештини “Кобукаи Шинген”. Низ годините на нивното учење покрај редовните тренинзи имаат посетувано неколкумина семинари и се до 2004 година имаат полагано ученички степени во истоимениот клуб.
Од 2004 година поради свој личен напредок и желбата да се напредува понатаму остваруваат контакт со Сенсеи Његош Ѓаковиќ 5 ДАН Аикикаи кој во тоа време беше претседател на Аикикаи СЦГ (Аикидо Федерација на Србија и Црна Гора) и од тогаш натаму станува нивен учител.
За неполни 2 години и интензивна соработка како и многу семинари во Белград и учи деши прграми од страна на Сенсеи Његош Ѓаковиќ во 2005 година полагаат за ДАН степен, а својата меѓународна диплома ја добиваат во пролет 2006 година која е меѓународно верификувана од страна на Моритеру Уешиба моменталнот Дошу на Аикикаи Фондација во Токио, Јапонија.
Во 2005 година одлучуваат да почнат да го пренесуваат своето знење и го формираат Аикидо Клуб “Агатсу” Куманово.
Во периодот од 2005 до 2012 имаат организирано околу десетина клубски семинари и неколку инструкторски со Сенсеи Његош Ѓаковиќ. Покрај тоа имаат организирано заднички семинари и со Сенсеи Велибор Весовиќ 6 ДАН (моменталниот претседател на САФ), Сенсеи Драгана Ѓаковиќ 4 ДАН, Мирко Мрѓа 4 ДАН како и со неколкумина иснтруктори од Шабац, Србија. Исто така имаат посетувано повеќе семинари во Белград каде што е сместена нивната матична организација Српската Аикидо Федерација (САФ).
Во периодот од 2002 па се до ден денес имаат посетувано и сеуште посетуваат семинари од разни јапонски и европски учители како што се: Сенсеи Масатаке Фуџита 8 ДАН, Сенсеи Јошиаки Јокота 7 ДАН, Сенсеи Јоџи Фуџимото 7 ДАН, Менигиши Сенсеи 6 ДАН и други, а од нејапонските учители со: Сенсеи Велибор Весовиќ 6 ДАН, Сенсеи Микеле Кваранта 6 ДАН, Сенсеи Мустафа Ајѓун 5 ДАН итн.
Постојано одржуваат контакти со САФ и со Сенсеи Његош Ѓаковиќ и се трудат да го надополнуваат своето знаење преку семинари и редовен тренинг.