Здружението Аикидо Клуб “Агатсу” од Куманово e основано 2005 година. Целта за оснивање едно вакво здружение е поради организирано и координирано изучување и афирмација на аикидото како вештина како и јапонската традиција и филозофија. Примена на основните принципи и вредности на аикидото во секојдневниот живот и градењето на индивидуалниот физички, духовен и интелектуален развој.

Во нашиот клуб се работи и изучува аикидо според правилата и стандардите на Аикикаи Фондацијата од Токио, Јапонија. Во нашиот клуб се предава изворно аикидо создадено од основачот Морихеи Уешиба.

Заради квалитетно изучување и исполнување на целите и задачите на клубот и пратењето на вистинскиот пат во изучувањето на иворното аикидо, постојано се остварува соработка со Срската Аикидо Федерација (САФ) која е официјално признаена од Аикикаи Фондацијата од Токио, Јапонија. Нашиот клуб соработува уште од пред своето основање со САФ преку кој ги одржува своите семинари и испити во клубот кои се меѓународно признаени.

Досега клубот преку свои претставници има учествувано и постојано учествува на разни семинари организирани од САФ и останати аикидо организации со различни јапонски и европски учители и постојано го споделува здобиеното искуството преку своите инструктори на редовните часови по аикидo.