Home »

 

Aикидо

 

Аикидо е јапонска боречка вештина која ја создал Морихеи Уешиба (1883-1969) многу често нарекуван по својата титула O’Сенсеи (Големиот учител). Тоа е вештина која не бара голема физичка сила и се темели на фрлања и полуги кои се настанати од различни форми на џу-џуцу, а некои од кен-џуцу. Аикидо не се темели на удирање на противникот туку се фокусира на користење на енергија на противникот да би се воспоставила контрола над него или за да се отфрли противникот од себе. Таа не претставува статична вештина, напротив се нагласува движење и динамика.

Со поблиско запознавање на аикидото како вештина вежбачите го наоѓаат она што го бараат, без разлика дали тоа е ефикасна употреба на техниките на самоодбрана, духовно просветлување, физичко здравје или душевен мир. O’Сенсеи ги има нагласено моралните и духовните аспекти на оваа вештина оставајќи голема тежина на развивање на хармонија и мир.

“Пат на хармонија на духот”, е еден од начините на кој може да се преведе аикидо. Ова е сеуште вистинскиот аикидо денес. Иако идејата дека боречка вештина се стреми кон мирот и хармонија може да делува парадоксално, тоа е најосновната суштина на вештината. Можеме да се обидеме да го преведеме аикидото на различни начини, но тоа не би било праведно, бидејќи оставаме на вежбачите да откријат што претставува аикидо за нив без претенциозни напомени.

ЗА АИКИДО

Аикидо е создаденo како систем на самоодбрана, но и како начин на живот кој можат да го вежбаат и изучуваат луѓе од сите возрасни категории. Тоа е вештина во која не постои класичен вид на спортско натпреварувње со противникот, туку претставува самурајски систем на борење и живеење, познат пред се по пријателство, одлучност, стабилност, истрајност и храброст. Во секоа ситуација бара од учениците да разбираат, препознаваат и реагираат во случај на опасност. Иако аикидото е релативно нова вештина во светот на боречките вештини, тоа претставува наследство на богато културно и филозофско потекло.

Аикидото елементарно не претставува систем на борба, туку пред се сретство за самоусовршување и напредување. Во аикидо нема турнири, натпревари и борба или спаринг. Наместо тоа, сите аикидо техники се учат групно, со темпо кој одговара на способностите на секој поединец кој тренира. Спрема основачот, целта на аикидо не е да ги поразиме другите, туку да ги победиме негативностите кои се наоѓаат во нашиот ум и го спречуваат неговото функционирање.

Во исто време, потенцијалот на аикидото како сретство за самоодбрана не треба да се игнорира. Сепак станува збор за традиционална јапонска боречка вештина. Една од причините за забрана на натпреварување во аикидо е тоа што некои техники би морале да бидат исклучени, бидејќи можат да предизвикаат сериозни повреди. Кога тренираме кооперативно, дури и потенцијално најсмртоносните техники можат да се тренираат без никаква опасност.

Мора да се потенцира дека не постојат пречки за напредок во аикидото (или за било што друго). Спoред тоа, постигнување на мајсторство во аикидо може да се постигне единствено преку постојан и посветен тренинг. Никој не може да стане експерт за неколку месеци или години.