Опрема за вежбање

 

3585glownaЗа да почнете да вежбате аикидо не е неопходно да имате некоја посебна опрема. За почеток сосема доволно е да имате обична памучна тренерка, мајца и влечки со кои ќе доаѓате од соблекувалната до салата.

Нешто подоцна ќе воочите дека за поозбилно вежбање сепак е потребно некаква опрема. Затоа треба да се има кимоно. Во аикидо се практикува да се носи кимоно со бела боја. Тоа може да биде истиот кимоно што се користи и во џудо, поради неговата издржливост.

softcotton-tetron-set_08

За да можете да го прицврстите кимоното потребен ви е појас. Во нашиот клуб се практикуваат меѓународните стандарди, стрепените и појасот не се обележуваат во боја, туку сите оние кои немаат мајсторски степен носат бел појас.

aikido-aikidogi-158x300

Мајсторите во аикидо носат црн појас и хакама со црна или тегет боја.

Освен споменатата опрема во повисоките степени за тренинг со оружје ни е потребно да имаме Бокен (дрвен меч), Џо (стап) и Танто (нож).

20130526142346-bokken_jo_tanto